Занимливости

Паметните телевизори се машини за собирање податоци

 

Студијата спроведена од универзитетот Принстон покажува дека телевизорите поврзани со Интернет се полни со тракери кои собираат податоци за навиките на корисниците. Ова важи и за паметните ТВ боксови, како што се Роки или Амазон Фаер ТВ.

Ова е токму причината зошто телевизорите и паметните ТВ боксови се толку ефтини денес. Технички, корисниците се согласуваат  на ова кога го започнуваат процесот на подесување на нивните уреди, но бидејќи скоро никој не чита „мали букви“, многу од нив не се ни свесни на што се согласиле.

Оваа практика не е ограничена само на телевизорите. Истражувачите од североисточниот универзитет проверувале 81 паметна домашна направа и откриле дека повеќето, вклучувајќи ги и Aлекс но и  „Ринг-амазон“, и „Змодо“ собираат податоци за корисниците, дури и кога не се во употреба. Ринг, на пример, не ги известува корисниците дека го снима целиот разговор во реално време и не дава никакви визуелни индикации дека тоа се случува .

Што се однесува до телевизорите, некои од податоците што се собрани се општи – типот на уредот, градот и земјата, на пример. Сепак, некои други информации се уникатни (сериски број на уредот, Wi-Fi мрежа …) и може да се користат за да се идентификуваат корисниците .

Студијата објави дека тракери биле пронајдени на 69 проценти од каналите Роки, како и 89% од каналите „Амазон Фаер“. Некои од Тракерите се познати (како што е услугата DoubleClick AD на Google, која постои на дури 97 проценти од каналите Роки ).

Related posts

Leave a Comment