Жителите на северот на Молдавија добиле лажни наредби за потребата да се појават „на мобилизациска вежба“, иако Министерството за одбрана на Молдавија не излегло со таква иницијатива, соопшти прес-службата на владата на таа земја.
„Информираме за обидите за испраќање наредби за регрутирање на граѓаните на северот на Молдавија за мобилизациски вежби и обука кои доаѓаат од Воено-територијалните центри. Овие документи се лажни“, се наведува во предупредувањето на Телеграм каналот на молдавската влада.Кабинетот предупреди дека Министерството за одбрана не испраќа наредби и не планира да поканува луѓе на вежбите. Се молат жителите на земјава да бидат внимателни и да ги проверат информациите во официјални извори.