„Путин не запира, сакам да се сретнам со него во Москва. Сега не одам во Киев
Од денешното интервју на папата Франциско за италијанскиот медиум Corierre della Serra ги издвојуваме најинтересните делови, а целото интервју можете да го погледнете овде .
Зборувајќи за војната во Украина, папата Франциско, меѓу другото, рече дека побарал од кардиналот Паролин, по дваесет дена војна, да му испрати на Путин порака дека (папата) е подготвен да оди во Москва. Секако, неопходно беше лидерот на Кремљ да го одобри тоа, рече папата, додавајќи дека се уште не го добиле неговиот одговор. „ Ние сè уште инсистираме, иако се плашам дека Путин не може и не сака да ја има оваа средба во моментов “, рече папата Франциско.
Тој изрази загриженост дека Путин, засега, нема да запре. Размислувајќи за корените на однесувањето на Путин, папата рече дека можеби „ лаењето на НАТО на прагот на Русија “ го поттикнало лидерот на Кремљ да реагира лошо и да предизвика конфликт. „Гневот не знам дали беше испровоциран – но можеби се беше поедноставно “, рече папата.
Сега на оние на кои е битен мирот се соочени со големото прашање во исправноста на снабдувањето со западно оружје за украинскиот отпор. Прашање со кое не се согласуваат сите, кое ги раздвојува католичкиот и пацифистичкиот свет. Папата е сомничав во овој поглед, неговата доктрина отсекогаш била фокусирана на отфрлање на трката во вооружување, а не на ескалирање во производството на оружје што порано или подоцна некој ќе одлучи да го тестира на терен, предизвикувајќи смрт и страдање, вели Кориер дела Сера .
„ Не можам да одговорам, премногу сум далеку на прашањето дали е правилно да се снабдуваат Украинците. Јасно е дека во таа земја се тестира оружје . Русите сега знаат дека тенковите се малку од корист и размислуваат за други работи. За ова се водат војни: да се тестира оружјето што сме го произвеле. Така беше и во Шпанската граѓанска војна пред Втората светска војна. Трговијата со оружје е скандал , малкумина се противат. Пред две-три години во Џенова пристигна брод натоварен со оружје, кој мораше да биде префрлен на голем товарен брод за да го пренесе во Јемен. Пристанишните работници не сакаа да го направат тоа. Рекоа: помислете на децата од Јемен. Тоа е мала работа, но убав гест. Треба да има многу такви луѓе“, рече папата.
Зборовите на папата во разговорот секогаш се враќаат на она што е поправилно да се прави. Многумина го замолија за симболичен гест, да ја посети Украина , се вели во текстот на интервјуто и се додава дека одговорот на папата Франциско во таа смисла е јасен: „ Засега не одам во Киев . Ги испратив кардиналот Мајкл Черни (префект на Дикастеријата за промовирање на холистичкиот човечки развој) и кардиналот Конрад Крајевски кои отидоа таму по четврти пат. Но, чувствувам дека не морам да одам. Прво треба да одам во Москва, прво да се сретнам со Путин . Ама и јас сум свештеник, што да правам? Правам што можам. Ако Путин ја отвори вратата…“.