Свет

Папата удри жена по рака неколку пати за да го пушти па откако цел свет го осуди се извини(ВИДЕО)

Во не толку празничен дух, за време на традиционалното новогодишно собрание на верниците на плоштадот „Свети Петар“, папата Фрањо удрил жена по рака, која претходно го грабнала за неговата рака.

Жената која побара благослов од папата еден ден пред Нова Година, наместо тоа, го налути понтифот кога тој излезе пред собраните луѓе за да ги поздрави.

Откако ја издолжи раката за да го погалии детето, една жена го грабна и го повлече нежно за рака, што очигледно го здоболе поглаварот на Римокатоличката црква, кој неколку пати ја удри жената по раката.

Обично со благ темперамент, папата видно вознемирен откако се оддалечи од жената.

Папата Фрањо, денес призна дека погрешил и „изгубил трпеливост“.

„Луѓето губат трпеливост. Тоа се случува и со мене. Се извинувам што вчера дадов лош пример “, рече папата.

Related posts

Leave a Comment