Свет

Париз под полициски надзор: Демонстрантите од конвојот тргнаа кон Брисел и покрај забраната

Белгиските власти забранија какви било демонстрации со „моторни возила“ во Брисел и соопштија дека презеле мерки „за да се спречи блокадата на белгиската престолнина“.

Неколку стотици возила чии возачи на конвој учествуваа на протестот против пасошите за Ковид го напуштија парискиот регион во неделата рано наутро и се упатија кон Брисел, каде и покрај забраната од белгиските власти, тие имаат намера да протестираат во понеделник, а Париз остана под строг полициски надзор.

Извор од полицијата изјави дека речиси 450 од нив во неделата наутро ги напуштиле париските предградија и областа на Булоњската шума, каде што биле стационирани.

Некои од нив утре наутро би можеле да се упатат кон Брисел, доколку го следат слоганот на организаторите на движењето наречен „конвој на слободата“, а лансиран е по моделот на канадските возачи кои денеска ја парализираат Отава, трета недела во ред . По нив следеа уште неколку земји.

Но, белгиските власти забранија какви било демонстрации на „моторни возила“ во Брисел и рекоа дека презеле мерки „за да се спречи блокадата на белгиската престолнина“.

Париската полиција во неделата на Твитер објави дека ги распоредила своите сили во градот за да ги спречи демонстрантите од цела Франција да го блокираат градот како дел од забранетата операција „конвој на слободата“.

Од петокот до понеделникот беа мобилизирани околу 7.500 полицајци.

Демонстрантите против пропусниците за Ковид, но и против претседателот Емануел Макрон, не успеаја да го блокираат францускиот главен град во саботата како што првично сакаа.

Полицијата уапсила 97 лица и казнила 513, според официјалниот извештај.

Конкретно, тие интервенираа во неделата вечерта на Шанзелизе и во Булоњската шума, обидувајќи се да ги растераат последните демонстранти.

На почетокот на саботата попладне повеќе од стотина возила успеаја да стигнат до Елисејските полиња, но полицијата постепено ги отстрани со помош на солзавец.

Таканаречениот „конвој на слободата“ во Франција ги собра противниците на пропусниците кои им овозможуваат на луѓето кои примиле вакцини против коронавирус пристап до голем број места отворени за јавноста (ресторани, кина итн.), но и демонстранти кои демонстрираа против кревањето на сметките за енергија.

Меѓу уапсените во саботата беше и еден од водачите на „жолтите елеци“, Џером Родригес.

Related posts

Leave a Comment