Париз – Офицерот вработен во полицискиот штаб во Париз, кој уби четворица колеги со нож, најверојатно бил во контакт со членовите на салафистичкото движење.
Францускиот обвинител Жан-Франсоа Рикар изјави дека обдукцијата покажала „екстремно насилство“ за време на нападот, што траел неколку минути.
Тој додаде дека напаѓачот пред десетина години бил обвинет за семејно насилство, пренесува АП.
Неговата сопруга е во притвор, каде ќе остане до понеделник.
Рикард рече дека таа разменила 33 текстуални пораки со својот сопруг за исламот, неколку часа пред нападот.
Француското обвинителство вчера отвори истрага, опишувајќи го нападот како потенцијален терористички акт.
Напаѓачот е убиен од полицијата, а обвинителството во Париз соопшти дека истрагата за позадината на нападот открила дека полицаецот убил колеги заради неговата поврзаност со „терористичка организација и терористи“.
Француските медиуми во четвртокот објавија дека 45-годишниот напаѓач конвертирал во ислам пред 18 месеци.
Напаѓачот бил вработен во полициската администрација и нападот се случил по расправија во дворот на полициската станица, изјавиле полициски извори за француските медиуми.
Извори на француската полиција соопштија дека напаѓачот изгубил контрола и почнал да прободува полицајци околу себе со нож.