Свет

Пенс и Помпео во Анкара бараат крај на офанзивата, Ердоган несака да разговара со нив

Пенс и Помпео во Анкара бараат крај на офанзивата, Ердоган нема да зборува со нив

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да разговара со американскиот потпретседател Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео, кои доаѓаат во Анкара за да бараат крај на турската офанзива во Сирија.

“Јас нема да се сретнам со него (Пенс). Тие ќе се состанат со своите колеги. Јас ќе разговарам само со (Доналд) Трамп ако дојде”, изјави Ердгоан за Скај њуз по средбата со членовите на владејачката партија во парламентот.

Белата куќа објави дека Пенс ќе се сретне со Ердоган во четврток за време на посетата на Анкара во обид да се постигне примирје во северна Сирија, каде Анкара започна воена офанзива против курдските сили. И после изјавата на Ердоган, Белата куќа објави дека потпретседателот на САД ќе ја посети Турција, како што се предвидуваше, и покрај одбивањето на турскиот претседател да се сретне со него.

Анкара започна офанзива во североисточна Сирија пред осум дена против курдските сили кои го држат под контрола тој реон.

Пред пратениците од неговата партија, Ердоган ја отфрли можноста за какви било преговори со курдските сили и побара од нив да го положат оружјето и да се повлечат од зоната од околу 30 километри долж турската граница.

Related posts

Leave a Comment