Народноослободителната армија на Кина тестираше балистичка ракета што може да погоди цел насекаде во САД, пренесува „Вашингтон Тајмс“, повикувајќи се на извори во Пентагон
Според извештаите на медиумите, најновата ракета ЈЛ-3 била лансирана на 22 декември од нуклеарна подморница од Џин-класата, која била под вода во заливот Бохај, во северозападниот дел на Жолтото Море, за време на лансирањето.
China tests submarine-launched JL-3 missile capable of hitting U.S with nuke – Washington Times https://t.co/X5eSak8tUe
— AFSHAR (@AfsharTrk) December 25, 2019
Лансирањето на балистичката ракета го снимиле американските извидувачки сателити, кои го следеле текот на целиот летечки пат кон запад, но детали за лансирањето не биле откриени.Според „Вашингтон тајмс“, Кина ја тестирала ракетата во време кога се очекувало американското разузнавање да лансира ракета со долг дострел во Северна Кореја.