ВАШИНГТОН – Бројот на активни американски војници кои заболеле од Ковид-19 надмина 1.000 во текот на викендот, соопшти денеска Пентагон.
Вкупниот број потврдени случаи утрово е 1.132, додека тој број во петокот беше 978, објави АП.
Меѓу припадниците на Националната гарда, 303 биле заразени со вирусот.
Морнарицата има најмногу заразени, 431, вклучително и повеќе од 150 во носачот на авионите УСС Теодор Рузвелт.