Портпаролот на Кремљ рече дека чекорите што ги презема Финска кон членството во НАТО се за жалење и причина за адекватен одговор.
Кремљ денеска соопшти дека чекорот на Финска кон членство во НАТО е „дефинитивно“ закана за Русија и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен.
Говорејќи на прес-конференцијата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека чекорите што ги презема Финска кон НАТО се за жалење и причина за адекватен одговор, пренесе Ројтерс.