Свет

Песков: Компаниите од Европа и Америка планираат да се вратат на рускиот пазар

МОСКВА – Многу компании од Европа и од САД планираат што поскоро да се вратат на рускиот пазар, иако сега треба да почекаат, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Има одлуки на поединечни влади, има одлука на Европската унија како интеграциска асоцијација, има директива за сите вазали од САД. Но, многу компании од САД и Европа, како што знаеме, за жал сега се принудени да чекаат“, рече Песков во интервју за ТАСС.

Што се однесува до присуството на странски лидери на Меѓународниот економски форум (СПИЕФ) во Санкт Петербург оваа година, портпаролот на рускиот претседател изјави дека покрај казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев, оваа година ќе бидат присутни и други учесници.

Related posts

Leave a Comment