Агресивната политика на НАТО кон Русија е виновна за актуелната криза во Европа, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека дејствијата на Русија во Украина се „напад на сегашниот светски поредок“, пренесува ТАСС.
„Оваа ситуација се подготвува веќе неколку децении. Во голема мера беше предизвикана од агресивната политика што Организацијата на Северноатлантскиот договор ја водеше кон нашата земја, постојано приближувајќи ја нејзината воена инфраструктура до руските граници. Тоа ни создаде дополнителни опасности и ги испровоцира руските контрамерки, “, рече Песков, пренесува ТАСС