Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека какви било обвинувања против Русија во врска со настаните во Буча не само што се неосновани, туку се „добро оркестрирано трагично шоу“.
„Фокусирајќи се на спроведување истрага за ситуацијата во Буча, треба да размислиме дали е навистина можно да се спроведе непристрасна и неутрална истрага“, рече Песков, пренесува ТАСС.