Свет

Песков: Нафтено ембарго тешко би ја погодило ЕУ, за разлика од САД

Официјална Москва денеска предупреди дека Европа ќе биде силно погодена во случај на ембарго на руската нафта, бидејќи тоа би го нарушило енергетскиот биланс на континентот, додека САД не се засегнати од таквата одлука.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека прашањето за каква било забрана за увоз на руска нафта е многу сложена тема, пренесува Ројтерс.

Некои министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија се за воведување ембарго на нафта како дел од дополнителните санкции против Русија, со цел да се казни Москва за настаните во Украина, додава британската агенција.

Информациите дека ЕУ размислува да се приклучи на американското ембарго за увоз на руска нафта, денеска го поттикна растот на цените на „црното злато“ за повеќе од 3,0 отсто, пренесува Танјуг.

Related posts

Leave a Comment