„РУСИЈА може да ја издржи сегашната конфронтација со Западот“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Можеме“, изјави Песков за ТВ Русија 1, одговарајќи на прашањето дали Руската Федерација може да „успее“ во конфронтацијата со западниот свет, за разлика од СССР, пренесува весникот „Известија“.
Откако Русија започна воена интервенција во Украина на 24 февруари, западните земји во неколку наврати ги засилија санкциите.