Свет

ПЕСКОВ : ТВРДЕЊАТА НА ЊУ ЈОРК ТАЈМС СЕ ГНАСНИ ЛАГИ И СЕ ВО НАСОКА НА ДИСКРЕДИТАЦИЈА НА ТРАМП

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагираше на пишувањето на американскиот весник „Њујорк Тајмс“ за наводниот договор меѓу Русија и Талибанците против американските сили во Авганистан, потенцирајќи дека е лага и дека е жално што светските медиум со таков углед не се гнаси од новинарски патки.

„Прво – тие тврдења се лага. Второ – ако специјалните служби сè уште се под контрола на претседателот, тогаш треба да се фокусираме на изјавата на претседателот Доналд Трамп во врска со тој напис “, изјави Песков.

Њујорк Тајмс претходно објави дека одредена единица на руската воена разузнавачка служба, наводно, ги поттикнувала Талибанците да ја напаѓаат меѓународната коалиција во Авганистан . Министерството за надворешни работи на Русија ги нарече обвинувањата на американскиот весник, лажни вести, а тврдењата на американскиот весник беа отфрлени и од Талибанците.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разузнавачката служба го известила дека информациите за наводниот заговор на Русија со Талибанците против американските сили во Авганистан не се веродостојни.

На прашањето на новинарите дали рускиот претседател Владимир Путин разговарал за ова со Трамп оваа година, Песков рече дека не.

Портпаролот на Кремљ се осврна и на немирите во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, потенцирајќи дека тоа е внатрешно прашање на Америка и дека Кремљ им посакува на Американците  да се воспостави мир и хармонија.

Related posts

Leave a Comment