Наместо да се посветиме на учење, творење и креирање проекти, ќе мораме да тужиме и да протестираме за да ги штитиме нашите права, велат во петицијата студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид (УИНТ), која ја поднесоа до премиерот Зоран Заев, до претседателот на Собранието, Талат Џафери, до министерот за образование и наука Арбер Адеми и до координаторите на пратеничките групи во Собранието. Петицијата е против предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
– Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на УИНТ, член 1, со промената на името и областа на Универзитетот, директно се прекршува ова право на студентот.
2. Според член 2 од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на УИНТ.
– Не се предвидува ниту еден факултет од областа на компјутерско инженерство.
3. Предлог-законот предизвикува трошоци кои ќе бидат на грбот на студентите, од типот на:
– Промена на индекс.
– Промена на студентска легитимација.
6. За овој предлог-закон не постои претходна анализа дека предложените студиски програми се потребни и атрактивни. Предлагачите го засноваат предлог-законот врз фактот дека на Охрид, градот на UNSECO и големо културно наследство, му се потребни повеќе луѓе од областа на заштита на животна средина и хуманистика. Воведувањето вакви студиски програми ќе доведе до сигурен пад на бројот на заинтересирани студенти, а воедно и до поголемо иселување на младите. Бараме детална анализа во која ќе биде објаснета потребата за вакви промени, во која ќе бидат изјаснети ставовите на студентите и другите засегнати страни.
7. Областа на компјутерски науки и инженерство е најбарана и најплатена во локалниот и глобалниот пазар на труд. Со овој предлог-закон им се одзема правото на сегашните и идните студенти да студираат и да дипломираат на посакуваниот универзитет/факултет, поради тоа што семејствата со пониски финансиски приходи нема да бидат во можност да му обезбедат на своето дете соодветно образование.
8. Во нашата држава има недостиг на ИТ-кадри, а со предлог-законот еден технички универзитет за компјутерски науки се предвидува да се трансформира во друг универзитет со факултети за кои нема толкава потреба. Факултетите што се наведени се повеќе сродни со факултетот за туризам бидејќи таму се изучува културно наследство.