Македонија

Питомците на Аденауер,Сорос и НДИ кои ја градеа ,,северна”

Во пресрет на вонредните парламентарни избори на нашата политичка сцена се создава илузија дека имаме судир на левица и десница и дека граѓаните имаат вистински избор.Но дали е тоа така?

Во Македонија се регистрирани многу странски невладини организации и фондации кои на овој или оној начин непосредно ја креираат политиката во нашата држава.Тоа можеби и неби било толку поразително за нашето општество доколку тие организации би работеле во наша полза.

Сведоци сме дека од осамостојувањето неколку странски организации директно креираа и наметнаа национално штетни договори.Тука предничат фондациите: Отворено општество,НДИ и Конрад Аденауер.Истиве овие три фондации се директно вклучени во промоција и реализација на Преспанскиот договор кој резултираше со неуставна промена на името на државата.

Преку стипендирање на кадри од двете најголеми партии во Македонија овие фондации си обезбедуваат кадри кои ги реализираат нивните агенди.

Оттука станува се појасно зошто Заев непречено ги реализира нивните проекти и зошто опозицијата е дел од целиот тој процес.

 

 

Станува појасно зошто поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов инаку бивш пулен на фондацијата Отворено Општество му го додели премиерскиот мандат на Зоран Заев.Исто така разбирливо е и зошто Гордана Силјановска беше кандидат на ДПМНЕ на последните претседателски избори.Не е случајно и зошто на политичката сцена се појави и партијата Интегра која е под директна контрола на овие фондации.

Сума сумарум,питомците на Аденауер,Сорос и НДИ се тука да реализираат надворешни интереси а никако да ги бранат македонските национални и стратешки позиции.

 

Ако и после овие несоборливи факти македонецот го даде својот глас за постоечкиве политички номенклатури тогаш навистина проблемот е во самите нас.Време е да се спротиставиме на наметнатите однадвор деструктивни сценарија во полза на туѓи држави и фактори,време е за семакедонско обединување предводено од суверенистички организации кои ќе го повратат суверенитетот на нашата држава.ВРЕМЕ Е ЗА РЕДРЖАВИЗАЦИЈА!

Related posts

1 comment

DLM 07/11/2019 at 09:12

За да не чекате и губите време, веднаш ќе ви одговорам на дилемата-прашањето кое сте го наметнале!
“““Ако и после овие несоборливи факти македонецот го даде својот глас за постоечкиве политички номенклатури тогаш навистина проблемот е во самите нас.“““

ДА!
Македонците повторно во голем број ќе го дадат својот глас за инсталираните слугански “политички номенклатури“.
А знаете ли зошто?
Затоа што најголемиот дел од Македонците се оптоварени со проблеми од егзистенцијална природа па и овие малку “факти“ не им се познати, за останатите и да не говориме. Да не знам дали можете да прифатите дека најголемиот дел од Македонците се загрижени со елементарни егзистенцијални прашања, како што е со што ќе се прехранат себе си и своето семејство.
И кога некој би успеал да ги информира за овие работи можеби за почеток мал број но наскоро во голем број ќе станат свесни за манипулациите во кои се тие самите жртви! Затоа ако веќе сте се нафатиле на работата изведете ја до крај!
Втората ништо помалку важна причина, зошто Македонците ќе продолжат да бидат жртви на овие квислиншки елити е што нема светлина на хоризонтот. Нема организирана политичка сила кој би им понудила излез, не ја гледаат… оние малубројни обиди од поединци и групи не се доволни да направат пресврт, потребно е обединување!
За жал овие квислинзи и нивните моќни ментори сакаат и прават се да оневозможат да дојде до такво обединување.
(сите говорат и знаат дека арнаутската сила е во тоа што сите тие каде и да се во Светот месечно издвојуваат во фондови за создавање на голема Албанија, … Македонците каде и да се само тресат празна слама но ако им побараш 5 или 10 евра за Македонија очи ќе ти ископат и ќе ти речат дека тие ја напуштиле Македонија затоа што кон нив била маќеа -прво треба да се отпочне од тука и да прифатат дека без нив и нивна помош ниту ќе има Македонци ниту Македонија, а ако барем малку помогнат нема да постои сила што ќе ги покори!
29 години говорам и пишувам дека уште во 1992 требаше да се создаде институт за стратешки и геостратешки истражувања, како инструмент против намерите на моќните центри кои веќе евидентно работат против Македонија!)

Ете овие се само некои од причините зошто Македонците и понатаму ќе бидат и ќе живеат под окупација!

Reply

Leave a Comment