Политика

Победата на Русија во Украина ќе го дестабилизира Балканот!?

Уште една умно пореметена размисла на одродот на нашиот македонски народ, односно измеќарите на колонијалниот газда.

Одејќи по патот „Еден е изборот“, поред загубата на милениумското име Македонија, ја загубија и националноста, која денес е Граѓанин на некоја франкештајн англосаксонска креација, Северна.

Каква луда и умно пореметена националност!?

А тоа го прикажуваат како најдемократски чин во историјата на нашата земја, силувајќи ги референдумите, Уставот и меѓународното право.

За жал, хипнотизирани од лесниот кеш на партискиот апарат, како и од пропагандите на сите национални позициски и една опозициска фрекфенција, водени од најдобрите инжинери за социјален инжинеринг, тие системи во моментот се најорганизираните општествени системи, познато кај народот како Курто и Мурто.

Човекот е слободно, Богословно битие, со душа која ги надминува материјалните граници и привидот на тие граници и може во секој момент да го отфрли оковот.
А сака ли, може ли да стигне до тој степен?
Не се врти, тебе ти се обраќам!

Па тоа нека биде крунисано и со победата на Русија над налудничавата западна елита, која е во петти налудничав налет да ја покори братска Русија и братскиот рускиот народ, со нескриена жед за нејзините пространства и ресурси, но и руска крв, која во изминативе сто години во изобилие ја пролија.

Ама Русија сака да го дестабилизира трулиот, морално пропаднат, криминално девастиран Балкан, кој е под 99,9% западно влијание и со 99,9% негативни показатели во сите сфери.

Западните колонизатори денес се уплашени токму од овие негативни показатели на нивните избрани по системот на негативна селекција, кои неминовно ќе доведат до големи внатрешни промени и отфрлање на западниот јарем врз народите од Балканот.

Тој процес е незапирлив и се случува на сите страни од светот, се нарекува постзападен, мултиполарен свет.

Биди и ти дел од Враќањето на Македонија!

Зоран Јованчев,
Претседавач на Претседателството на Родина Македонија

п.с.
Политичката партија Родина Македонија е во фаза на пререгистрација.
За нашите членови и поддржувачи обезбедени се Нотари за заверка на Изјавите.
Час поскоро да го завршиме процесот.

Preregistracija

Related posts

Leave a Comment