Ерусалим – Најново видео се појави на социјалните мрежи – повторно судири меѓу Палестинците и израелската армија во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим.
Некои медиуми наведуваат дека кон Палестинците било фрлено повеќе солзавец, како и шок-бомба, а на социјалните мрежи се појавуваат информации дека има повредени.
И претходната, единаесетдневна размена на ракети, започна со судири пред таа џамија. Тоа резултираше со фрлање на над 4.000 ракети, од една на друга страна и големи загуби. Загинаа и многу цивили.
Сите напори да се стави крај на конфликтот вродија со плод само на 11-тиот ден, кога Израел се согласи на примирје, но со назнака дека сите нивни разговори со ривалската страна се однесуваат на политичкото крило на Палестина – Фатах и дека нема разговори со Хамас .
Според последните информации, во конфликтот се повредени 15 лица.
JUST IN – New clashes erupt between Israeli security forces and Palestinians inside the Al-Aqsa Mosque compound on Temple Mount, Jerusalem.https://t.co/PU1f8o73x9
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) May 21, 2021
Израелската армија соопшти дека за време на 11-дневниот конфликт во Појасот Газа, убила 25 високи команданти на милитантните групи Хамас и Исламски џихад и 200 оперативци. Од друга страна, палестинското Министерство за здравство во Газа изјави дека во израелските напади биле убиени 232 лица, од кои 65 деца и 39 жени. Хамас не го објави бројот на убиени борци.
Работниците од службите за итни случаи денес извлекоа пет тела и спасија 10-тина преживеани од урнатините на тунелот во Газа погоден за време на израелското бомбардирање, соопштија медицинските служби.
Според Министерството за здравство на палестинските власти, бројот на Палестинци убиени во 11-дневните израелски ракети се зголемил за 243.
Заменик командантот за цивилна одбрана, Раед ал-Дашан, вели дека службите сè уште бараат тела и можни преживеани во урнатините, откако примирјето стапи на сила во 2 часот по полноќ.
🚨 Medical sources: 15 wounded by rubber bullets and shrapnel from stun grenades as a result of the #israeli occupation forces' suppression of worshippers at #AlAqsa mosque.#IsraeliTerrorism #Palestine pic.twitter.com/gTWlR0kVmD
— #SaveSheikhJarrah 𓂆 (@3boodnajjar_) May 21, 2021
#BREAKING
15 people have been wounded by rubber bullets and by stun grenades, which were used by the zionist occupation forces on unarmed Palestinians at the mosque.— 🐾 (@PutOnUrMask) May 21, 2021
#UPDATE Prime Minister Benjamin Netanyahu hails Israel's 11-day bombardment of Palestinian armed groups in Gaza as an "exceptional success", after a ceasefire to end the deadly conflict took effect pic.twitter.com/5wSqoMXtcB
— AFP News Agency (@AFP) May 21, 2021
Прославата по прогласувањето на примирјето започна од двете страни на „жицата“, а Палестинците започнаа да се собираат во џамијата Ал Акса од раните утрински часови, поради што израелските безбедносни сили беа во готовност.
NOW – Palestinians flood #AlAqsa mosque compound and Temple Mount in East Jerusalem for Friday prayers as Israeli security forces brace for possible clashes.pic.twitter.com/BijPAiGV9l
— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) May 21, 2021