Полицијата го држи градот блокиран заради протести во врска со донесувањето на законот за слободата на вероисповест којашто точка денес е на дневен ред во собранието на Црна Гора Подгорица се наоѓа во состојба на опсада, додека во моментот во собранието на Црна Гора се разгледува законот за слобода на вероисповест. Според известувачот на „Спутник“, полицијата го држи центарот на градот под блокада.
Полициски сили веќе го имаат изолирано центарот на Подгорица. Десетина џипови на полициската единица за интервенција се наоѓаат во деловниот центар Никиќ, каде се подигнуваат барикади и сообраќајот веќе е отежнат.
Втората точка на групирање на полициските единици е на улицата Станка Драгојевиќ, во близина на црногорскиот народен театар.
На видеото е прикажан булевар каде што се наоѓа собранието на Црна Гора, пред кое можат да се забележи видливо засилено присуство на полициски сили.