Свет

Подржувачите на Гваидо ја окупираа амбасадата на Венецуела во Бразил(ВИДЕО)

БРАЗИЛ – Група луѓе кои го поддржуваат венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо денес ја окупираа зградата на амбасадата на Венецуела во Бразилија, главниот град на Бразил.

Неименуван владин службеник на Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека група од околу 20 лица насилно упаднале во зградата на амбасадата, пренесе АП.

Сепак, претставник на Венецуела во Бразил, назначен од Гвиадо, во изјавата тврди дека вработените во амбасадата ја отвориле портата и ги пуштиле приврзаниците на лидерите на опозицијата, пренесуваат медиумите.

Бразил и повеќе од 50 други земји го признаваат Гваидо како легитимен претседател на Венецуела, соопшти американската агенција.

Амбасадата има и најмалку двајца левоориентирани бразилски пратеници, додека околу 20 воени полицајци беа распоредени пред зградата каде што се собраа Бразилците од обете страни на политичкиот спектар и барем еднаш се конфронтираа.

Related posts

1 comment

DLM 13/11/2019 at 23:04

Овие демоНкратите-атлантисти се во силен замав… како ли ќе заврши овој демонкратски бран… едно е сигурно тиранијата царува… сепак 21 век сме така да тиранијата ни е мила ем драга!

Reply

Leave a Comment