„Белата куќа е ужасната што следната голема победа на Путин би можела да биде во Париз“, е насловот на написот во Политико во кој колумнистот Џонатан Лемир смета дека екстремно десничарскиот француски претседателски кандидат Марин Ле Пен може да победи во трката за дестабилизација на антируската западна коалиција, што би било удар за интересите на САД. Освен тоа, Америка стравува дека Русија може да се вмеша во процедурата за гласање и да и даде предност на лидерката на партијата Национален фронт.
Расте загриженоста во администрацијата на американскиот претседате] Џо Бајден за тесната изборна трка во Франција. Победата на Ле Пен може радикално да ја смени позицијата на Франција и да го покрене прашањето за членството на земјата во НАТО, што ги наведува другите лидери на Алијансата на нервоза пишуваПолитико, повикувајќи се на тројца високи неименувани американски функционери.
Во написот, Лемир ја нарекува кандидатката на екстремната десница „поддржувач на Владимир Путин“, прецизирајќи дека таа застанала на негова страна „без капка срам“ од 2017 година по средбата лице в лице со рускиот претседател.
Новинарката забележува дека Ле Пен неодамна ја променила својата вообичаена „провокативна антиисламска“ реторика и се фокусирала на порастот на цените и на маките на обичните Французи. И покрај фактот дека нејзиното име е „поврзано со расизам и ксенофобија“ кај многу избирачи, тактиката вроди со плод и во моментов, според анкетите на јавното мислење, Ле Пен и шефот на државата Емануел Макрон се рамо до рамо.
Лемир забележува дека изборната победа на Ле Пен ќе ја втурне Европа во најголемата криза од Брегзит и целосно ќе ја промени состојбата на работите на целиот континент, што ќе ја „разбие проукраинската коалиција која се протега од Варшава до Вашингтон“.
Лидерката на Националниот фронт вчера попладне се изјасни против ембаргото на руските суровини. Според неа, овие санкции ќе доведат до страшни последици и за Французите и за остатокот од светот. Се спротивставува и на сето она што ќе предизвика поскапување кај граѓаните и ќе ја поткопа нивната куповна моќ.