Свет

Полковникот Даглас Мекгрегор:УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ЕДВАЈ СЕ ДРЖИ НА НОЗЕ! ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД 100.000 УБИЕНИ И СТОТИЦИ ИЛЈАДИ РАНЕТИ

Вооружените сили на Украина имаат повеќе од 100.000 убиени и стотици илјади ранети војници и сега умираат, изјави пензионираниот полковник на американската армија Даглас Мек Грегор.

Поранешниот советник на шефот на Пентагон нагласи дека и покрај тоа, американските власти одбиваат мирно решение на конфликтот.

Мек Грегор истакна дека американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и другите претставници на владата на Соединетите држави „подлегнале на голема конфузија за наводната победа на Украина”.

Мек Грегор предупреди дека вооружените сили на Украина не победуваат и дека, според според неговите информации, изгубена, уништена, украдена е огромна количина на украинска воена опрема.

Полковникот изрази уверување дека вооружените сили на Украина едвај стојат на нозе и дека ги чека разорен удар кој ќе ги скрши.

– Ова е лудило – рекол Мек Грегор.

Армијата на САД е убедена дека Русија не може да биде заплашена и принудена на потчинување – изјави началникот на Здружениот генералштаб на Армијата на САД, Марк Мили.

Related posts

Leave a Comment