Европа

Полски Амбасадор: Ако Украина загуби, ние влегуваме во војна со Русија (ВИДЕО)

Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор освен да војуваме, изјави Јан Емерик Рошчишевски, полскиот амбасадор во Франција.

Контроверзните зборови на дипломатот ги пренесе француската телевизија LCI.

„Доколку Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме избор, нема да имаме друг избор освен да војуваме“, рече Рошшевски.

Претседателот Анджеј Дуда во четвртокот објави дека Полска ќе и ги предаде првите четири ловци МиГ-29 на Украина во наредните денови. Тој додаде дека авионите во моментов се на сервис и сукцесивно ќе и бидат предадени на Украина.

Related posts

Leave a Comment