Свет

Полски државјанин доби 14-годишна затворска казна за обид за извоз на С-300 компоненти

Големи снабдувач на вооружените сили на Полска може да биде вклучен во шпионажа против Русија

 

 

 

 Московскиот градски суд го осуди полскиот државјанин Маријан Раџајевски на 14 години затвор со максимална безбедност, за шпионажа, објави прес-службата на судот во вторникот.

“Судот го прогласи Маријан Раџајевски за виновен за сторено кривично дело според член 276 од Рускиот Кривичен законик (” Шпионажа “) и го осуди на 14 години затвор во максимална безбедносна колонија”, објави портпаролот на судот, истакнувајќи дека случајот бил процесуиран зад затворени врати, поради класифицираната природа на материјалот.

Раџајевски се обидел илегално да испрати тајни компоненти за ракетниот руски систем на  С-300 во Полска и беше фатен  кога се обидувал да го потпише договорот, објави Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Истражувачите потврдија дека Раџајевски делувал во интерес на една полска организација, која е водечки снабдувач за националните вооружени сили и специјалните служби на Полска, соопшти ФСБ.

“За време на прелиминарната истрага, беше откриено дека Раџајевски дејствувал со намера  да извезе воени производи, кои содржат државни тајни, од Русија до Република Полска. Тој се обидел да добие тајни компоненти на ракетниот систем С-300 со цел  понатаму илегално да ги извезува во Република Полска “, објави ФСБ.

Related posts

Leave a Comment