Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Русија и Кина имаат „крв на рацете“ бидејќи ставаат вето на резолуција на Советот за безбедност на ООН за испорака помош во Сирија.
„Ветото ставено од Руската Федерација и Кина вчера на резолуцијата на Советот за безбедност со кое се дозволува хуманитарна помош да достигнат милиони Сиријци е срамно“, се вели во изјавата на Помпео.
Помпеј им порача на Русија и Кина дека „имаат крв на рацете“, пренесува Ројтерс .
Русија и Кина ставија вето во Советот за безбедност на ООН на иницијативата за резолуција за давање хуманитарна помош од Турција и Ирак за Сирија.
Како што објави синоќа Ројтерс , резолуцијата, предложена од Белгија, Кувајт и Германија, предвидуваше испорака на помош во текот на следните 12 месеци преку два точки во Турција и една во Ирак.
Сепак, Русија беше подготвена да одобри два премини во Турција за шест месеци и ја предложи нејзината резолуција.