- Ќе jа разбеснам Совеста ако во тоа множество на естрадни попови не го издвоjам; братот по Христа, Агатангел , како Добар Човек меѓу стрвни волци.
Дали на Бога му се потребни услугите од Црквата?
Кога ќе се слушне зборот ,, Библиjа,, во нашето сознание се случува визуелизациjа на голема , тешка книга. Всушност , станува збор за 77 големи и тешки книги , кои наjчесто , ни самите попови не ги виделе ( а камоли прочитале ) во текот на своите кариери. Но , тоа не ги спречува да го ,, шират неjзиното слово ,,. Jас се осилив само за ,, Стариот Завет ,, и четирите животописи за Исус . Хавариjата , коjа се случи во моето сознание после читањето , беше ; како моjот мозок да доживеал директен судар со брз воз. Испаѓа ; ,, Библиjата ,, е компjутерска програма коjа има свои оператори и тимови. Таа го дроби мозокот на делови , кои конфликтуваат меѓу себе , го потиска разумот и jа исклучува десната хемисфера на мозокот. Прочитаното таму , jа преврти моjата престава за религиjата , од нозе – на глава . Излезот од оваа ситуациjа не е нималку едноставен , заради опкруженоста со догмите кои имаат задача да заблудуваат и конфузат со сушноста лажна. Кога дваjца разговараат на тема ; религиjа ( институционализирана вера ) , мизан- сцената е отприлика иста : – едиот учесник во диjалогот е покорен до снисходителнос кон поповите и догмите кои ги повторуваат без престан ( поповите наjчесто ,, Едно проповедаат – друго живеат ,, ). – другиот учесник ,е против религиозната институциjа и се што е поврзано со неа… Се разбира , постои , и трета страна коjа не верува во концептот за Бог . Неукоста на последните умозакључениjа се очебиjни. Но , еднодимензионалноста , на овие голословни тврдења е тема на друго писание. За да не го расплинуваме нашето внимание . … Наjчесто , интелектуалните , полемики завршуваат со пештерно мракобесие во борбата за личната правост на тезате. Главниот конфликт е меѓу ; – неопходноста на поповите во комуникациjата со Бога. Т.е. попската канцелариjа за врски со Творецот е обврзувачки услов за реализациjа на контактот човек – Бог. И втората , теза , ;- поповите се неопходни како што и е неопходен чадор на jагулата . Сите народни ,пожртвувања , дадени во нивна полза се само средства за купување на бесни , гиздави автомобили и скапи сценски костими.Додека главната замка не е во попската алчност , ами во матрицата на нивната проповед. Потоjат три моно- религии; Jудеизам , Христиjанство и Мухамеданство. Христиjанството , во ниту една од своите книги , не спомнува за – Христиjанство како нова религиjа коjа се практикува по сеи ден. Можеби , тоа е така заради фактот што ; Христиjанството е дел од друга религиjа – Jудеизмот? Тоа што нам ни го продаваат како учење на единствениот човек во историjата коj станал Бог , е само фрагмент на постарата – маjка на останатите две големи религии. ,, Христиjанството ,, како теолошка наука ( како што се трудат да го претстават) генерално е составено од два дела : ,, Стариот Завет ,, – неописиво жестока книга , исполнета со деjствиjа кои просто го ,, газат ,, христиjанскиот морал. Сцените на насилства , инцести , воjни и масовни убиства , се зариваат во мозокот на читателот , и заради периодичноста на нивното повторување стануваат обични и прифатливи од страна на консументот. Но , таа е дел од ,, светите книги ,, и треба и да препрочитува неколку пати , да се чува под перница и на децата да им се чита за добра ноќ???!!! Свесните читатели чувствуваат дека со чинење на дела опишани во Стариот Завет нема големи шанси за влез во Раjот , но затоа можат да се ,, одкрстат,, од таа книга и засекогаш да го пронаjдат сопствениот мир во следниот дел од дилогиjата – во ,, Новиот завет ,, .Таму веќе , главната улога е пропишана за Исус и се зборува за љубовта кон блискиот и чудата кои ги творел. Но , тука се соочува ( читателот ) со следните зборови кои , Нему , му ги припишуваат :
-,,Не мислите , дека Jас доjдов да го нарушам Законот ( Стариот Завет ) или пророците да ги нарушам доjдов Jас, туку , доjдов за да ги исполнам. Зошто нема да помине ни една jота , ниту еден ред од Законот , додека не се се исполни се,,
Евангелието од Матеjа , глава 5 Со оваа фраза се брише границата меѓу Стариот и Новиот Завет. Се работи само за еволутивна форма на Jудеизмот адекватна со новото време , но за истите потреби. Се роди нов бренд ,, Христиjанство ,, под коj се продава стариот религиозен производ . Jудеизмот , може да се спореди со голема корпорациjа , во коjа управувачката елита се раководи според едно упатство – Стар Завет , а за простољудот , наслението , постои друга инструкциjа – Нов Завет. Неколку тези од,, Стариот…,, говорат; за почитување на личното достоинство , одбрана на сопственото благо и богатство , потоа зборуваат ; ако некоj нападне ( не Даj Бог ) претставник од оваа религиjа – веднаш се соочува со гневот на Jахве ( Jехова ), а неговата казна е со колосални последици за агресорот.
А , на што не учи ,, Новиот …,, ; при удар по левиот образ – безусловно сврти му го и десниот . Бидете трпеливи- мудруваат авторите . Во страданието е спасот , во трпението живее доблеста. Откажете се – продолжува ,, Новиот ,, од овоземските богатства , ама Царството Боже ќе биде ваше. Потоа , на тие уроци по мазохизам , се надоврзуваат и поговорки од сериjата : ,, Наведната глава – сабjа не сечи ,, ,, Трпение – спасение ,,… и целоживотниот курс по понизност продолжува до пред портите во Раjот , завршуваjќи го патешествието низ животот – зачаурен во личниот страв. Целиот век по Дуњава поминал – заминал , а животната историjа, заради коjа воопшто и се нашол во оваа реалност – не ни започнала.
-Моли се за душманот ; Љуби го душманот. Љубеjќи го , Богоподобен стануваш ти. Ако некоj ве навредува , или обесчестува , или граби од вашето , вие молете го Господа за него. ,,Jован Златоуст
Во ,, Новиот… ,, луѓето се нарекуваат – jагњина ( стадо ). Т. е. млади овци и овни. А поповите се овчарите кои го изнесуваат човечкото стадо во духовна испаша.
,, Стариот … ,, дава датални инструкции како да се создаде Божjото Царство на Земjата , преку банкарски операции и лихва кон инакуродните робови , кои во нивната традициjа се едноставно стадо.
,, – На странецот ( неjудеj) даваj му со раст ( под % ) , а на братот своj не му даваj со раст , за Господ Бог да те благослави тебе… и земjата по коjа ти одиш,, Второзаконие , глава 23: 20
,, Новиот … ,, учи на сиромаштиjа ; бедноста е благодет , презираj го богатството – никчемно е тоа. Кон институтот ,, самолишување ,, поповите се одесуваат со посебен трепет , особено кон туѓото самооткажување . Затоа што : Вистинскиот живот започнувал после животот , во Раjот , следува да се трпи , како што и Бог трпел и нас ни велел – да трпиме исто. Но , кога човек ќе jа опсервира нивната меркантилна лукративност , од Трпета и Трпана , во поповската каста ни трага – ни глас.
И така, религиската слика, изработена во густи бои и натопена со мирово масло изгледа како држење во покорност на народот , граѓанството ( наречете го населението со термин коj ви е драг ) кое пак доброволно е преобратено во,, стадо ,, со цел грабеж врз него и страв пред поповите како заjак пред питон. Институциjата чии темели се поставени во четвртиот век … на плеќите од рибарот коj трипати се одрекол од Христа во текот на една ноќ – додека првите петли уште не пропеале , а човекот коj безропотно го послушал приказот на Учителот и отишол да го исполни долгот кон провидението , е забележан како предавник и таа неславна ѕвезда оди во чекор со неговото име во течение на последователните векови … одговорна е за дисторзиjа на свеста кон потчинување вечно , во кое е отепана слободата на човекот во решениjата лични измислуваjќи jа ,, судбината ,, со коjа се е однапред предопределено. Испаѓа ; како и да се свртиш – задникот ќе е позади . Исто така , сноси одговорност за измислувањето на ангелите , со кои што на Човекот му кажа ; – безполезно ти е издигнувањето кон Бога , доколку си сотворен без крилjа. Токму Исус го докажа спротивното :- На сопствените раце и нозе , окрвавен , се издигна до Небото.
Попската млакост во етноцидот и културоцидот извршен од антимакедонците над Нас-Македонците и бришењето на Македониjа од географските карти,jа покажа нивната инфантилност и продажност. Согласни со се и за се , само да имаат можност за дружење со на нив подобните од странство , облечени како новогодишни елки при прославата на римскиот празник Сатурналиус. Ќе jа разбеснам Совеста ако во тоа множество на естрадни попови не го издвоjам; братот по Христа Агатангел , како Добар Човек меѓу стрвни волци.
Да се комуницира со Бога , не се потребни ,,канцеларии за врски ,, . Потребно е да се живее според Совеста – како Божjа честичка во секоj од нас , за да не го слушаме неjзиното рикање со ,тревожен за нас глас , подобен на рик од гладен лав , коj има сила да не изглода од внатре доколку нашето поведение дава повод за тоа. Не очекуваjте одговор како од ,, грмушката коjа гори ,, и да го слушнете Неговиот глас од пламенот бесен. Тоj ќе Ви се обрати меко , како родител грижлив , со знаци и мисли адекватни за Вашата мака. А интуициjата Ваша ќе се реши на постапки и деjства кои итаат во помош кон Вас. Таква била врската од памтивекум меѓу Таткото и Неговите Чеда. Зошто синови и ќерки сме му ние , а не Негови робови бедни.
Послесловие : За сите оние што имаат намера да ги корнат кандравите бради , коси третирани со ,, Видал Сасун ,, шампоните и купките за туш и со избезумени очи да почнат да кричат : -Богохулие ,запалете оган , од гранки суви ! милувам да им речам :- ,, Кога би го сретнал Исус на моjот пат , ќе ги измиjам неговите стопала во крвта од моето срце ,,. А што би сториле вие , црноризци , во име на вашата љубов и вера во Него ?
Зоран Курљан