Македонија

Поради застареност на делото Груевски нема да одговара за „Траeкторија“

Image result for груевски

 

Експремиерот во бегство Никола Груевски нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на кинеските автопати поради застареност на делото.

Од делото за кое се товари Груевски поминати се шест години и државата ќе треба да му ги надомести судските трошоци.

Одлуката ја донесе денеска Кривичниот суд, на барање на одбраната.

Делото кое му се става на товар, Груевски го почнал во октомври 2012 година, а завршило во октомври 2013 година. Првото рочиште за „Тракеторија“ се одржа на 6 декември во 2017 година.

Во предметот на СЈО обвинети се и ексвицепремиерот Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски за злоупотреба на службената положба и овластување.

Related posts

Leave a Comment