Европа

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Кнајсл најави пад на Европа поради нејзиното незнаење

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл во интервју за Азија Тајмс изјави дека Европа е пред пад поради нејзиното незнаење.

Според нејзиното мислење , Европа игра сè помала улога во светот „и од демографска и од политичка гледна точка“.

„Моментално работам на книгата пробно насловена „Реквием за Европа“, бидејќи делот од светот во кој пораснав и на кој бев посветена повеќе не постои“, рече таа.

Според Кнајсл, Азија постепено станува помоќна во различни аспекти. Ова е особено видливо во обемот на потрошувачката на гас и демографските показатели. Истовремено, таа нагласи дека станува збор за азиски земји кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој.

Политичарката зборуваше и за руско-европските односи, истакнувајќи дека лидерите на ЕУ поради незнаење и ароганција ја занемаруваат постојната геополитичка усогласеност и основните принципи на дипломатијата.

„Кога бев министерка за надворешни работи, бев иритирана од недостатокот на вистинско геополитичко размислување кај моите колеги. А и да немаат способност да размислуваат геополитички, тогаш барем да имаат човек во штабот кој има такво размислување… И сега ова се претвора во многу опасна ситуација, бидејќи имаме целосно непочитување на реалноста , географската реалност, стоковната реалност, основниот концепт на дипломатијата“, рече таа, коментирајќи ги руско-европските односи и свртувањето на Русија кон Азија, особено кон Кина.

Во ноември 2019 година, поранешниот француски претседател Никола Саркози изрази мислење дека Западна Европа е во опаѓање поради застарените идеи, демографскиот пад и кризата на либералната демократија во услови на технолошки напредок.

Related posts

Leave a Comment