Свет

Поранешниот директор на ЦИА, Помпео, официјално обвинет за шпионажа на Асанж

Поранешниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, официјално e обвинет за шпионирање на Асанж. Обвинителството тврди дека Помпео го водел надзорот на Џулијан Асанж додека живеел во лондонската амбасада на Еквадор. Покрај тоа, тој е обвинет за шпионирање на новинари и адвокати кои го посетиле Асанж во амбасадата. 

Според RT, тужителите биле застапувани на суд од њујоршкиот адвокат Ричард Рот. 

На 23 февруари 2020 година, се дозна дека Џулијан Асанж бил следен со помош на скриени камери во амбасадата на Еквадор, како и адвокатот Џефри Робертсон, кој се сретнал со Асанж и вработените во Викиликс во 2017 година. Тогаш медиумите пишуваа дека ЦИА планира да го киднапира и убие Асанж.

 

 

Related posts

Leave a Comment