Свет

Поранешниот француски претседател Жак Ширак почина на 86 годишна возраст

 

ПАРИС, 26 септември. Поранешниот француски претседател Жак Ширак почина на 86-годишна возраст, јави новинската агенција Агенс Франс-Прес, повикувајќи се на неговото семејство.

Според неговиот зет Фредерик Салат-Барукс, Ширак починал во четвртокот наутро, опкружен од своето семејство.

Жак Ширак е роден во 1932 година во семејство од средна класа. Како студент , тој  се посватува на левичарски идеи, но неговото придружување во движењето Гаулизам се покажа како клучно. За време на претседателствувањето на Шарл де Гол, Ширак беше избран во парламентот и за прв пат влезе во кабинетот.

На 40-годишна возраст, Ширак го презеде кормилото на француската влада, но набргу беше избран за градоначалник на Париз и остана на таа позиција 18 години.

Од 1995 до 2007 година, Ширак служеше како претседател на Франција. Тој оствари над 300 странски посети, вклучувајќи повеќе од десет посети на Русија. Како обожавател на руската литература, Ширак во младоста научи руски, па дури и преведе едно поглавје од романот на Александар Пушкин на Евгениј Онегин на француски. НА Поранешниот француски претседател му беше доделена Државната награда на Руската Федерација и Орденот за заслуги на Татковината.

Related posts

Leave a Comment