Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Руската Федерација, Мирослав Лазански, ненадејно почина во Белград на 71 -годишна возраст, а причина за смртта е срцев удар, пренесуваат српските и руските медиуми.
Мирослав Лазански е роден на 18 септември 1950 година во Карловац. Завршил средно училиште во Требиње, а дипломирал право на Правниот факултет, Универзитетот во Загреб.
Ја започна својата новинарска кариера како студент во загрепскиот неделник „ Полет“ , а соработуваше со тогашните истакнати хрватски медиуми „Вијесник“, „Данас“ и „Старт“ и работеше како воено-политички коментатор за „ Вијесник“ .
Тој беше и дописник од Загреб за белградските медиуми Политика експрес и списанието НИН . Почна да пишува за белградска „ Политика“ во март 1991 година и имаше колумна во грчкиот весник „ Катимерини“ и во јапонскиот неделник „Дијамант“ .
Како воен дописник, тој беше во Бејрут за време на ирачко-иранската војна од 1980-1988 година, во Авганистан од 1985 до 1989 година, за време на операцијата Пустинска бура во 1991 година, а исто така ги следеше чеченските војни од 1996 и 1999 година, како и војните во Заир во 1997 година, Ирак во 2003 година, Јемен во 2010 година и Либија во 2011 година.
Можеби најнезаборавните моменти од неговата новинарска кариера беа интервјуата со двајцата врвни команданти на заедничките сили на НАТО и тројца маршали на СССР – што беше импресивно за време на Студената војна.
Објавил осум книги и е автор на два документарни филма и десет телевизиски серии.
Во 2019 година, тој беше назначен за српски амбасадор во Руската Федерација.