Специјален состанок на кабинетот беше одржан во чест на најавата на Трамп во мај дека САД го признаа израелскиот суверенитет над неа.
“Ние сме горди да дадеме решение кое ќе му оддаде почит на нашиот голем пријател. Ние ќе продолжиме да ја развиваме Голанск висорамнина во корист на нејзиното еврејско и нееврејско население “, рече Нетанјаху.
Establishing a new community in the Golan Heights named after a friend of Israel, US President @realDonaldTrump. A historic day! 🇮🇱🇺🇸 pic.twitter.com/lvG8MJxtxq
— Benjamin Netanyahu (@netanyahu) June 16, 2019
Заедницата ќе биде наречена Рамат Трамп, или Трамп Хајтс. Претходно, беше објавено дека Рамат Трамп ќе биде дом на 120 семејства, и секуларни и религиозни. Американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, присуствуваше на свеченото отварање.
Израел ја презеде контролата над Голанската висорамнина во војната во 1967 година и формално ја анектираше во 1981 година, во потег кој, сепак, никогаш не бил признат на меѓународно ниво.
At a festive meeting on the Golan Heights, the Government approved the establishment of a new community on the Golan Heights, to be named "Trump Heights" (Ramat Trump), after US President @realDonaldTrump . @USAmbIsrael David Friedman also attended the meeting. pic.twitter.com/VPzuz863Zh
— PM of Israel (@IsraeliPM) June 16, 2019
На 25 март 2019 година, американскиот претседател Доналд Трамп официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската висорамнина. Овој потег беше опишан од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како “историски”.