Сенатскиот комитет за територијална безбедност и државни работи одобри денеска сослушување во врска со истрагата против Хантер Бајден, син на поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден и демократски ривал на претседателот Доналд Трамп на претстојните претседателски избори, објави Ројтерс.
Одлуката беше донесена со партиски гласови – сите републиканци гласаа „за“, а сите демократи „против“ истрагата на Комитетот на Сенатот за работите на Хантер Бајден со компанијата Буризма во Украина.
Републиканската партија има мнозинство во Сенатот.