Во БиХ е во тек полициска акција под кодно име Лотика.
Полицијата уапси православен свештеник.
“Лицето Б.Г. беше обвинето за сторено кривично дело за неовластено производство и трговија со оружје или експлозивни направи”, рече шефот на Одделот за односи со јавноста на Република Српска, Мирна Миљановиќ .
Таа додаде дека во рамките на оваа акција беа спроведени претреси на три локации – две во Рогатица и еден во Вишеград.
Во акцијата беа пронајдени и запленети , повеќе парчиња (детонатори), неколку оквири на муниција од различен калибар и повеќе SIM картички и мобилни телефони”, изјави Миљановиќ .
Б.Г. е под кривична истрага, рече таа, и тој ќе биде однесен во канцеларијата на Окружниот обвинител на Источно Сараево, во текот на денот, пишува БН телевизија .
Локалните медиуми објавија дека, според неофицијални информации, православниот свештеник е од Вишеградската епархија.
Оперативната акција со кодно име Лотика ја реализираа полициски службеници од Дирекцијата за организиран и тежок криминал на МУП на Република Српска во областа на Рогатица и Вишеград.