„Истражувањето е завршено и докажано е дека вакцината е безбедна, волонтерите ќе бидат отпуштени на 15 и 20 јули“, рече Смоjарчук за Тасс.
Таа додаде дека волонтерите ќе останат под медицински надзор.
Директорот на Институтот за медицинска паразитологија, тропски и преносни болести на Универзитетот, Александар Лукашев исто така рече дека безбедноста на вакцината е потврдена во оваа фаза.
„Таа е на исто ниво како и безбедноста на вакцините што веќе постојат на пазарот“, рече Лукашев.
Од Институтот наведуваат дека, покрај треската, немало повеќе несакани ефекти кај волонтерите првите неколку дена по вакцината, и дека сите се чувствуваат добро.
Првата фаза на тестирање на вакцината на универзитетот Сеченов започна на 18 јуни, кога беа вакцинирани 18 доброволци, додека втората група од 20 волонтери беше вакцинирана на 23 јуни.