Директорот на АНБ(Агенција за Национална Безбедност), Виктор Димовски не исклучува можност воениот конфликт во Украина да има безбедносни реперкусии врз земјите од Западен Балкан. Тој вели дека настаните од руската агресија врз Украина во огромна мера ги усложнија безбедносните состојби во Европа и глобално.
Објасни дека може да има до пет милиони иселени лица од Украина.
„Во делот на контратероризмот, се справуваме со застапници на верски милитантни идеологии, но и верски групи кои пропагираат теории спротивни на западните вредности. Присутни се и моноетнички групи проследени со екстремна реторика, а организирани форми на криминал и висока корупција можат да ја поткопаат финансиската, а со тоа и целосната безбедност на државата“, изјави Димовски.
Вели дека паралелно земјава е континуирано изложена на разузнавачки интерес од земји кои се надвор од НАТО алијансата и ЕУ, но и застапници на верски милитанти, поддржувачи на теории спротивни на западните вредности.
Во регионот, ЕУФОР ги засили патролите во БиХ. Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ вели дека во БиХ не може да дојде до ескалација, која би прераснала во вооружен конфликт.