Амбасадата на САД во Русија издаде итно предупредување за Американците кои живеат во Русија на кои им се советува да размислат за напуштање на Русија.
„Според извори на медиумите, постои опасност од напади врз трговски центри, станици на подземната железница и други јавни места во поголемите градови, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург, како и во областите на зголемени тензии долж руската граница со Украина“, се вели во соопштението на мисијата.
Во оваа насока, амбасадата препорачува „да се коригираат плановите за лична безбедност… за да можете да ги разгледате плановите за евакуација (од земјата) за кои не би била потребна помош од американските власти“.
Во исто време, не беше објавено дали оваа информација е доставена до официјалните претставници на Русија преку официјални канали, вклучително и оние предвидени во рамките на соработката во борбата против тероризмот.