Свет

Пресврт во случајот потив Асанж : Шведска нема да го гони за силување

EPA-EFE / NEIL HALL EPA-EFE / FACUNDO ARRIZABALAGA

Шведска обвинителка објави дека нема да го гони основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за силување.

Откако ги разгледа доказите, шведскиот обвинител одлучи да го прекине случајот против Џулијан Асанж.

Заменик-јавниот обвинител Ив-Мари Персон, рече дека доказите на одбраната се веродостојни, додека сеќавањата на сведокот на обвинителството избледеле.

Четириесет и осумгодишниот Џулијан Асанж ги негираше обвинувањата изнесени против него во 2010 година.

Асанж се наоѓа во британски затвор, чекајќи екстрадиција во САД.

САД го обвинуваат за 18 обвиненија, вклучително и шпионажа.

Британската полиција го уапси Асанж во амбасадата на Еквадор,  откако одби да се предаде.

Related posts

Leave a Comment