Свет

Претседателката на Боливија наводно добила закани по животот

Сура на EPA-EFE / RODRIGO

Ла Паз – Привремената претседателка на Боливија, Џанина Ањес, во понеделникот мораше да го откаже патувањето вон главниот град Ла Паз, поради наводни  закани по животот.

Заканите беа упатени од „криминална група“, рече владиниот портпарол.

Ова го потврди и министерот за внатрешни работи, Артуро Муриљо, кој рече дека таа требало да патува во нејзината родна провинција Бени во северо-источна Боливија, но патувањето било откажано заради веродостојна закана.

Тој не изнесе детали за заканата, но рече дека биле вмешани Венецуели, Кубанци и Колумбијци, пренесува Ројтерс.

Муриљо на прес-конференција рече дека владата ќе обезбеди изборите да се одржат во рок од 90 дена.

„Ќе имаме избори. Најголема чест за еден Боливијанец е да стане претседател на земјата, но таа личност мора да победи со гласови, а не со куршуми или удари“, рече тој.

Поранешниот претседател Ево Моралес  минатата недела поднесе оставка под притисок по неколкудневните протести и насилството по изборите на 20 октомври.

Потоа му беше даден азил во Мексико а на власт незаконски дојде привремената самопрогласена претседателка на Боливија, Џанина Ањес.

Сепак, протестите на приврзаниците на Моралес продолжија во поголемите градови во Боливија кои сега се соочуваат со недостиг на храна и гориво.

Related posts

1 comment

DLM 19/11/2019 at 10:27

Е зошто така ме … можевте на почетокот да напишете дека пренесува Ројтерс, и се ке беше јасно.
Не мораше да го читам целиот текст. Инаку Ројтерс е познат медиум кој пренесува вистина и само вистина, исто како кАнал5, тоа се чуда од медиуми!

Заради заканите до квислиншките власти и инсталираната претседателка до сега се убиен најмалу 23 лица заканувачи (или по наше терористи), како и да е бидејќи повеќе од 52% од населението на Боливија се заканувачи-терористи треба да очекуваме масовен помор на заканувачите!
Да живее демоНкратијата!
Да ја нема ќе беше многу досадно.

Reply

Leave a Comment