Свет

Претседателката на Молдавија: Ќе побараме помош од сојузниците во случај на конфликт со Русија

 

Молдавската претседателка Маја Санду денеска на прес-конференција во Букурешт изјави дека ќе побара помош од нејзините сојузници во случај на воен конфликт со Русија.

Санду е во официјална посета на Романија на покана на нејзиниот колега Клаус Јоханис.

„Ги разгледуваме сите опции, вклучително и најпесимистичките, па ако Русија ја нападне Молдавија, тогаш ќе побараме помош“, рече Санду, одговарајќи на прашање на романски новинар да коментира за такво сценарио, но не објасни зошто Русија ќе одлучи да започне воена акција, јави агенцијата РИА Новости.

Во исто време, Санду рече дека Молдавија чувствува закана за нејзината безбедност, бидејќи „руско-украинскиот фронт“ се приближува до границата на земјата.

 

 

Related posts

Leave a Comment