Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека карантинските мерки преземени против новиот вид коронавирус (КОВИД-19) не го спречуваат ризикот од идни инфекции, јавува агенцијата Анадолија.
На прес-конференцијата во Белата куќа, Трамп одговори на прашањата на новинарите за тековните настани, пред се за пандемијата на коронавирус.
Тој потсети дека епидемијата на коронавирус е сè уште активна во одредени делови од земјата, па затоа ги повика граѓаните да продолжат да бидат внимателни.
„Сите Американци треба да знаат дека карантинот не е одржлив метод за постигнување на посакуваниот резултат. Штетата на овој метод ги надминува неговите придобивки“, рече Трамп.
Посочувајќи дека епидемијата е во пораст во многу делови на светот, Трамп рече:
“Карантините не го спречуваат идното пренесување на КОВИД-19. Целта на овие карантини беше да се добие време да се изгради капацитет, особено болници против вирусот, да се научи повеќе за болеста, да се развиваат вакцини и да се лекува”, рече Трамп.