Претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Ернандес, примил милион долари мито од трговците со дрога, рече федералниот обвинител на Њујорк на почетокот на судењето на братот на претседателот за трговија со дрога.
Тој вели дека Ернандес добил и мито од поранешниот мексикански наркобос Хоакин Гусман, ака Ел Чапо.
„Обвинетиот го бранеше актуелниот претседател, кој доби милион долари мито од дилерите на дрога, па дури и„ Ел Капо “Гусман“, рече обвинителот во својата изјава.
Помошникот обвинител Џејсон Ричман на првиот ден од судењето на Хуан Антонио Ернандес „Тони“Алварадо,рече дека Ел Чапо „лично му дал на обвинетиот милиони долари за неговиот брат (претседател)“.
Лидерот на Хондурас ги отфрли обвинувањата на американските обвинители.
„Наводите се 100 проценти лажни, апсурдни и смешни. Ова е понесериозно од Алиса во земјата на чудата“, објави на Твитер.
Во документот објавен во август, обвинителството потврди дека трговец со дрога во Хондурас, чие име не е објавено, дал еден и пол милиони долари за изборната кампања на Ернандес во 2013 година.
Повеќето од тие пари беа потрошени за поткуп на локалните политичари за поддршка на кандидатурата на тогашниот претседател на парламентот.
Во своето обраќање пред Генералното собрание на ООН на 25 септември, Ернандес, реизбран во 2017 година, ја осуди „кампањата на оцрнување спроведена од дилери на дрога, банди, корумпирани луѓе, убијци и дури и политичари“.
Во Хондурас,на повеќе демонстрации, беше побарано да си даде оставка.
Хуан Орландо Ернандес е привилегиран партнер на американскиот претседател Доналд Трамп со кого потпиша договор минатата недела за спречување на нелегалната имиграција.
Сојузното државно обвинителство на Њујорк има намера да докаже дека претходникот на претседателот на Хондурас, Порфирио Лобо, исто така имал финансиска поддршка од картелот, а Ричман изјави дека и двајцата биле избрани „барем делумно, поради парите заработени од дрога“. И Лобо негира дека имал некаква врска со наркотрговците.
Ниту едниот ниту другиот засега не се официјално обвинети во Соединетите држави, иако обвиненијата што им се припишуваат подлежат на гонење според Сојузниот закон на САД.
Тони Ернандес (41), поранешен пратеник, беше уапсен на аеродромот во Мајами во ноември минатата година и обвинет за шверц на дрога,и беше обвинет за поседување огнено оружје и лажно сведочење, а исто така е поврзан со најмалку две убиства.
Доколку биде осуден, тој се соочува со најмалку пет години и максимум доживотен затвор.