Македонија

Приведен жител на Ваксинце,во чии помошни простории се најдени 81 мигрант

Oсумдесет и еден мигрант од земјите од Блискиот Исток се пронајдени во полициска акција во липковското село Ваксинце, соопштиja од МВР. 

19-мина од нив се малолетни лица, а биле сместени во помошен објект во куќа на жител од ова село кој е приведен, информираа од полицијата. Нивната крајна дестинација биле европските земји.

МВР се уште истражува како мигрантите се нашле во објектот во домот на 50 годишниот маж од Ваксинце, но најверојатно станува збор за добро организирана група за криумчарење на мигранти во кумановско – липковскиот регион, вели портпаролот Ангеловски. Додава дека полицијата има одлична соработка со соседните земји за сузбивање на овој криминал.

Мигрантите сега се наоѓаат во прифатниот центар Табановце, но не го познаваат англискиот јазик, што ја успорува комуникацијата и истрагата на полицијата која им зема изјави за случајот. За тоа ќе бидат обезбедени соодветни преведувачи, велат од МВР. Откако ќе завршат истражните дејствија случајот го презема Јавното обвинителство.

 

Related posts

Leave a Comment