Приведен е поранешниот в.д директор на централен регистар, Андреа Поповски, но за сега не се открива за што точно е осомничен.
Од финнсиската полиција за Телма велат дека има и други осомничени, но дека тие не се приведени.
Појаснување за ова, финансиската полиција најавува за утре.
Инаку, Поповски е кадар од ВМРО-ДПМНЕ и беше на чело на централен регистар три години, од 2014 до 2017 година.