ОПОЗИЦИОНЕРОТ, Роман Проташевич, кој беше уапсен на аеродромот во Минск, беше член на баталјонот „Азов“, објави белоруската КГБ.
Проташевич учествуваше во акциите на баталјонот „Азов“ во југоисточна Украина. Покрената е кривична постапка против борците на таа фашистичка формација во Руската Федерација, изјави Иван Тертел, шеф на КГБ на Белорусија.
Според него, Проташевиќ активно го применил искуството стекнато во баталјонот во однос на Белорусија.
– Тој беше организатор и координатор на масовните немири кои го загрозија животот и здравјето на обичните граѓани и органите за спроведување на законот. Тој е исто така шеф на еден од интернет каналите, кои нашето законодавство оправдано ги препознава како екстремистички – рече Тертел
Украинската доброволечка единица батаљонот „Азов“ е формирана во 2014 година и е финансирана од еврејскиот олигарх Игор Коломоиски, гувернер на регионот Днепропетровск во Украина, што е парадоксално бидејќи токму батаљонот Азов е промотор на антисемитската идеологија која што инспирира напади врз евреите, како дел од украинската Национална гарда, активно учествуваше во конфликтите во источна Украина.
Симболите на единицата предизвикаа полемики во меѓународната заедница поради нивната нацистичка конотација, но тие привлекоа и голем број екстремни неофашистички доброволци од западноевропските и другите земји во нејзините редови.
Председатель КГБ Белоруссии Иван Тертель заявил, что задержанный в аэропорту Минска сооснователь NEXTA Роман Протасевич принимал участие в действиях батальона «Азов» (запрещенная в РФ террористическая организация):https://t.co/i2of6OiZUn pic.twitter.com/NC9zzjKhrP
— РЕН ТВ | Новости (@rentvchannel) May 26, 2021