Здравје

Пристигнува Спутник Лајт, Русија следниот месец одобрува вакцина која се дава во една доза

Russian Sputnik V vaccine 95% efficient: Developer

Русија може да ја одобри употребата на верзијата на вакцината против ковид-19 „Спутник лајт“, која се дава во една доза, во мај, изјави денеска рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Тој додаде дека Русија може да има капацитет да произведува 30 милиони дози од таа вакцина месечно до крајот на 2021 година, пренесува Ројтерс.

Неговите коментари дојдоа откако рускиот претседател Владимир Путин го имаше годишното обраќање пред Федералното собрание.

По тој повод, Путин ги повика Русите да се вакцинираат против новиот вирус на корона и додаде дека сака Русија да добие колективен имунитет до есен.

Related posts

Leave a Comment