Свет

Протести во 70 американски градови во врска со убиството на Сулејмани

Танјуг / Дејвид Карсон / Св.  Луис Пост-Диспечер преку АП

Во 70 американски градови се одржаа протести поради нападите на американските сили во Ирак, во кои загина генералот Касим Сулејмани и ја влошија американско-иранската криза.

Демонстрациите ги води Коалицијата Одговори, антивоена организација формирана по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Во Вашингтон се одржуваа протести во парк покрај улицата блиску Белата куќа, каде демонстрантите ја повикаа владата да го напушти Блискиот исток, јавува Си-Ен-Ен.

Овие протести беа планирани многу пред атентатот врз Сулејмани, во нападот нарачан од американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите извикуваа „Престанете да го бомбардирате Ирак“.

Меѓу говорниците беше и легендарната холивудска актерка Џејн Фонда, која со недели води протести против климатските промени во Вашингтон.

 

Related posts

Leave a Comment