ПРОТЕСТИ ПРЕД МРТ, ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД
МЕДИУМСКИОТ МРАК И ДИКТАТУРАТА
Ве известуваме дека на ден 20 (Петок).12. 2019 година, во 12 часот и 5 минути, обединетите македонски родољубни субјекти преку заедничка иницијатива и заедничко организирање ќе ги започнат протестите пред МРТ, против медиумскиот мрак и за ослободување од истиот.
Особено за ослободување на МРТ, како национален јавен сервис на народот, со чии пари се финансира и поради што тој не смее да биде манипулиран и злоупотребуван туку да биде точно и навремено информиран за неговиот највисок национален и државен интерес, за да може да си го одбрани. Од самиот протест ќе биде прочитано и доставено протестно Барање до МРТ, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, ОБСЕ и другите телевизии со национална концесија.
Едно е јасно, за остварување на своите мрачни монструозни уништувачки планови, оваа хунта, најнапред ги ОКУПИРА МЕДИУМИТЕ, воведувајќи МЕДИУМСКИ МРАК и медиумска окупаторска ДИКТАТУРА, од која најнапред мораме да се ОСЛОБОДИМЕ.
Подвижувањето на СЛОБОДАТА во општеството е можна само со ослободени медиуми!
Тоа е задача и обврска на сите СЛОБОДОЉУБИВИ субјакти и поединци!
Истовремено, се обраќаме до сите ВИСТИНОЉУБИВИ И РОДОЉУБИВИ НОВИНАРИ и до студентите на студиите по новинарство заедно со своите професори, да практикуваат независно, слободно и објективно новинарство, во заштита на човековите права и слободи и демократијата.
Од ОТВОРЕНАТА НАРОДНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА ќе имаат можност да се обратат претставници на сите учесници во протестите, здруженија/ субјекти и поединци. УЛТИМАТИВНО. Додека не ни се дадат термини, да почнеме да ја реализираме уште со самиот протест пред МТВ, со што ќе покажеме на кој начин бараме да се обраќаме, за да ги оствариме нашите човекови и демократски права и слободи, преку слободата на мислењето и на говорот.
Протестите ќе се одвиваат континуирано, секој вторник, петок и сабота сѐ до конечното ослободување на медиумскиот простор, кој нелегитимната велепредавничка власт го узурпира и злоупотребува за да го реализира својот геноциден план, пласирајќи ги нелегитимните и ништовни договори и дејства како нешто што народот мора да го прифати!? Додека совесниот народ и родољубите немаат никаков пристап до медиумите и има забрана за нивно (наше) појавување, покривање на настаните и за објавување на нашите соопштенија.
Ги повикуваме сите македонски родољуби, автентичните македонски граѓански иницијативи, заложби, движења, здруженија, интелектуалци и творците, со свое активно учество да ги поддржат протестите за заштита и одбрана на човековите и демократски права и слободи.
Барањето до МРТ ќе биде отворено за потпишување и барање термин, и таму пред МРТ, бидејќи толку многу неправди се случија изминативе години, поради тоа што никој народот не го прашал, а сите го злоупотребуваат во ,,негово име“.
Со оглед дека се работи за мирен ненасилен, достоинствен, цивилизиран собир марш, упатуваме апел учесниците своето демократско право да го изразат на мирен ненасилен достоинствен начин. Доколку има евентуална злоупотреба на овој мирен народен протестен собир, последиците од таквите дејства да си ги сносат самите тие, народот нема да има никаква одговорност за таквите злоупотреби.